Македонците патуваат утре, а во Пјонгчанг - масовно труење со храна!

Полека се шири веста дека во Пјонгчанг е пријавено труење со храна на поголема група луѓе и тоа во еден од сместувачките капацитети наменети за Олимписките игри.
 

Сомнежите за труење се и во делот на персоналот, но и меѓу спортистите. Според информациите од организацискиот комитет на ЗОИ, 24 лица кои претставувале во провинцијата Гангвонг, на 4 февруари биле пренесени во болница поради симптоми на повраќање и болки во стомакот.

Меѓутоа, имало неколку вработени во хотелите за кои се сомневале дека имаат Норовирус (исти симптоми со повраќање и дијареа). Сите кои се жалеле на болка се веќе третирани, мнозинството се персонал и луѓе од обезбедувањето, додека во Олимпиското село, имало пет сомнителни пациенти.

Од организацискиот комитет уверуваат дека ги вршеле сите потребни анализи и преземаат мерки, прво оваа појава да не се прошири. Според некои известувања, уште на 3 февруари, три жени вработени во еден од хостелите се жалеле на слични симптоми, па сега биле ставени во карантин. Во тој хостел имало 1.200 луѓе, вклучувајќи вработени, персонал од обезбедувањето на ЗОИ, како и официјални лица.

Македонската експедиција патува за Пјонгчанг утре, а наши претставници ќе бидат Антонио Ристевски, Ставре Јада и Викторија Тодоровска. ЗОИ почнуваат в петок.