Ким Јонг Ун има да го линчува: Севернокореец го направи најсрамниот потег на ЗОИ! (ВИДЕО)

На ЗОИ во Пјонгчанг видовме многу излетувања, инциденти, за жал и некои намерно предизвикани падови. Таков еден оди на душа на Јонг Кванг Бом, севернокорејски натпреварувач во брзо лизгање.

Кога ќе го видите видеото прво што ви паѓа на памет е „како ли овој човек ќе се врати во Северна Кореја, кај императорот Ким Јонг Ун“. Останува сам да си го носи тој товар, откако направи два исклучително неспортски потези во рок од неколку минути.  Јонг Кванг Бом се лизна и падна, но посака со себе да го повлече и Јапонецот Риосуке Камазуке и очигледно со намера го сопна.

Трката беше прекината, а стартот повторен, но која корист, кога Кванг Бом повторно се стурка во еден конкурент, по што беше дисквалификуван. Сме читале за сурови казни од врховниот лидер на Северна Кореја, Ким Јонг Ун и за помали злодела од ова, а сега прашање како ќе го „воспита“ својот поданик. Ова, бездруго, ќе се толкува како срам врз државата и уривање на нејзиниот углед, така што можеме се да помислиме.