Каратистот Павлов гордо го развеа знамето на Македонија на отворањето на МИ (ФОТО)

Каратистот Емил Павлов ја доби честа да го развиори македонското знаме на синоќешното отворање на Медитеранските игри (МИ), кои во следниот период ќе се одржат во шпанскиот град Тарагона.

Станува збор за двоен европски првак, кој е една од нашите најголеми надежи за медал на ова натпреварување. Македонија на МИ ќе настапи со 71 спортист во 15 спортови и тоа во карате, ракомет (мажи и жени), одбојка, таеквондо, џудо, борење, спортско стрелаштво, стреличарство, коњички спортови, атлетика, тенис, пинг понг, баскет 3х3 и веслање.

Одбојкарите вчера веќе го одиграа првиот меч и загубија со 2-3 во сетови, а денеска на теренот ќе се појават и други спортисти меѓу кои и селекциите во ракомет и тоа против Турција во 12 односно 16 часот.