Јапонка освои златен медал и постави нов рекорд на ЗОИ!

Јапонската олимпијка во брзо лизгање, Нао Кодаира покажа дека во моментов е најдобра на 500 метри со триумф на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Кодаира стигна до првиот златен медал во кариерата, по претходните две сребрени, а успехот го постигна со време од 36,94 секунди.

Сребрениот медал го освои домашната лизгачка Санг-Хва Ли, која имаше 39 стотинки заостанување додека бронзата и припадна на Каролина Ербанова од Чешка.

Новата олимписка шампионка претходно освои сребро на 1,000 метри во Пјонгчанг, а со победата на 500 метри ја комплетираше својата колекција затоа што има и светско злато во таа дисциплина.