Иранска хероина се натпреваруваше без хиџаб, па доби сурова казна (ВИДЕО)

Елназ Рекаби го претставуваше Иран во спортско искачување во Јужна Кореја, но привлече големо внимание на иранските власти затоа што настапи без хиџаб и поради тоа заработи сурова казна.

Резултатите на Рекаби паднаа во втор план, иако има можност да обезбеди место на Олимписките игри во 2024 година, зашто властите ѝ ја урнаа куќата во која живеела.

Рекаби мораше и да се правда поради нејзиниот потег, па кажа дека направила грешка што не настапила со хиџаб.

„Не беше намерно тоа што не носев хиџаб во Сеул. Тоа беше погрешна одлука, неочекувано ме повикаа да се искачувам“, кажа Рекаби.