ИОК во дилема: ЛОИ има шанси да се преселат или одложат поради коронавирусот!?

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) смета дека е премногу опасно да се одржат Летните Олимписки игри во Токио, поради епидемијата со коронавирус, па организаторите размислуваат дали да го одложат или преместат натпреварувањето.

Дик Под, член на ИОК, порача дека одлуката ќе се донесе на крајот на мај за иднината на големото натпреварување.

„Колку што знаеме, сите ќе бидете во Токио. Продолжете да работите и бидете сигурни дека ИОК нема да ве испрати на лошо место. Не може да одложиме туку-така нешто како што се Олимписките игр. Има многу земји, настани, ралзични сезони, не може да кажеме дека игрите ќе се организираат во октомври. Сепак, постојат неколку места, каде што може да се организира натпреварувањето, а еден од тие градови е Лондон“, порача Под.