Им нема крај на скандалите: Нов случај на допинг на Русите во Пјонгчанг

По натпреварувачот во карлинг, Александер Крушелницки, сега и боб натпреварувачката Надежда Сергеева падна на допинг тест на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

На руските спортисти им беше забранет настапот под своето знаме на Олимписките игри (ОИ) поради систематски допинг, кој наводно го спонзорирала државата.

Сергеева е една од 168. руски олимпијци на кои им беше одобрен настап како неутрални спортисти на ОИ, но таа е втор руски олимпиец, кој беше позитивен на допинг.

Руската боб федерација објави дека Сергеева била позитивна на лек за срце, кој не ѝ го препишал рускиот лекарски тим. Се додава дека примерокот, кој го дала на 18. февруари бил позитивен, а претходниот бил чист.