И тоа има: Македонски бодибилдер намерно се заразил со Ковид-19!

Додека целиот свет се штити како што знае и умее, пред сѐ со почитување на мерките за дистанцирање и носење заштитна маска, балканскиот шампион во бодибилдинг и фитнес и бодибилдинг тренер, Ивица Јанев, открива дека намерно се заразил со Ковид-19.

Својата приказна, 34-годишниот бодибилдер ја сподели со порталот „Фокус“со цел да покаже дека здравиот живот и грижата за сопственото тело се посилни од било кој вирус.

„Моето мото е инвестирај во своето тело, а најважните три работи се вода, воздух и здрава храна. Активно се занимавам со спорт од мојата 16-та година, имам јак имунитет, дневно правам по два тренинга, имам јак капацитет на белите дробови, трчам без да се заморам по десет километри дневно, не пијам, не пушам… Од почетокот на пандемијата, се случи над 30 од моите клиенти, со кои работам онлајн, да се инфицираат со вирусот. На почетокот на летото се инфицираа и родителите на мојата сопруга, многу мои пријатели го минаа истиот пат. Како што минува времето, со ова темпо со кое се шири ковидот, јасно ми е дека најверојатно, нема никој да биде одминат, дека кога – тогаш, сите ќе се инфицираме. Затоа, со цел да го почувствувам тоа на мојата кожа, да го доживеам искуството за кое физички сметав дека сум комплетно подготвен, за да знам што точно се случува кога ќе се инфицираш, и потоа од сопствено искуство да можам да им помогнам и на моите клиенти, свесно се заразив со корона вирус“, раскажува шампионот во бодибилдинг.

Јанев потенцира дека е многу важно луѓето постојано да се грижат за своето здравје, а не дури откако болеста ќе им затропа на врата. Според него, првите 40 години од животот човекот вложува во своето тело, а потоа, наредните години му се враќа она кое го вложил.

Целата приказна за тоа како шампионот поминал додека бил болен со Ковид-19 причитајте ја на следниот линк.