Холанѓанецот Крамер сруши олимписки рекорд и освои злато

Гангнеунг Овал арената во Пјонгчанг беше домаќин на најбрзите лизгачи на светот на 23-тите Зимски олимписки игри.

По вчерашното тројно славје на Холанѓаните, за денеска беше закажана трката на 5.000 метри во машка конкуренција.

И ова злато замина во Холандија. Свен Крамер со време од 6:09,76 го освои златото и го сруши олимпискиот рекорд, со што ја оправда улогата фаворит.

Зад него заврши Тед-Јан Блоумен, Канаѓаенцот со секунда и 85 стотинки заостанување, а со бронзата се закити Свер Лунде Педерсен од Норвешка.