Хокеарка од САД ги постигна двата најбрзи гола во историјата на овој спорт! (ВИДЕО)

Американката Жозелин Девјвидсон денеска влезе во историјата на Олимписките игри како хокеарка која успеала да постигне два гола во најмал интервал.

Дејвидсон успеа да постигне два гола за неверојатни шест секунди и така да обезбеди место во историјата, а ниту во женска, ниту во машка конкуренција не успеал никој да постигне два гола за толку краток период.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Швеѓанката Карл Горан Оберг, која во 1960 година постигна два гола за осум секунди.