Хероите од Специјалната Олимпијада се вратија во Скопје (ФОТО)

Македонските спортисти кои беа дел од Специјалната олимпијада во Абу Даби, каде што освоија осум медали, се вратија во Скопје и беа пречекани на одличен начин.

Хероите имаа навистина успешен настап на Олимпијадата, па пливачот Марио Мицковски освои златни медали на 25 метри грбно и 50 метри слободен стил, додека пливачот Стефан Трпковски освои злато на 50 метри слободен стил.

Медали имаше и за атлетичарката Сара Дураку, кој освои две бронзи и тоа на 100 и 50 метри. Атлетичарот Ардијан Шабани осови сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.

Македонските натпреварувачи беа одлични и во кошарка, каде што го освоија бронзениот медал, а Јулијана Петровска освои второ место во латино танци.

Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019 се најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата. Учествуваат повеќе од 7.000 спортисти од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови. Игрите се одржуваат со поддршка од 20.000 волонтери. Ова се први олимписки игри во регионот на Блискиот Исток.