Грузиец мораше да сруши три светски рекорди за да дојде до злато во Токио!

Грузискиот кревач на товар, Лаша Талакхадзе успеа да урне три светски рекорди за да стигне до златен медал во супертешката категорија до 109 килограми за да ја врати шампионската круна во свој посед.

Талахадзе има статус на најголем кревач на товар на сите времиња и тој, па во Токио мораше да направи невиден подвиг и во кус рок да урне три светски рекорди за да дојде до најсјајното одличје.

Прво крена 223 килограми што е нов најдобар рекорд на светот, па потоа во исфрлање крена 265 килограми, за севкупно да се доближи до магичната граница од пола тон. Вкупните 488 килограми се исто така светски рекорд, како и во обидите во двете дисциплини.

Тој го победи Иранецот Али Давуди за 47 килограми, а трет беше Ман Асад од Сирија, која освојува прв медал откако во земјата почна веќе децениската војна и буквално ја разруши.