Голема трагедија: Светски сноуборд шампион се удави во океан! (ФОТО)

Поранешниот светски шампион во сноуборд, Алекс Пулин трагично го загуби животот во Австралија во тек на риболов.

Неговото безживотно тело било пронајдено на Квинсленд Голд коуст плажата, а и покрај напорите на докторите, сепак немало спас за Пулин.

Во кратко соопштение Австралијската федерација во сноуборд објави дека е шокирана од веста, а од Пулин се збогуваа и многу спортисти на социјалните мрежи.

Пулин двапати беше светски шампион, а на Зимските олимписки игри учествуваше во 2010, 2014 и 2018 година.