Германија доминира во санкање: Гајсенбергер го одбрани златото од Сочи!

Германката Натали Гајсенбергер го одбрани олимпиското злато од ЗОИ во Сочи пред четири години, па денеска потврди дека и нема рамна во санкање во Пјонгчанг, победувајќи во оваа дисциплина пред сонародничката Дајана Ајтбергер и Канаѓанката Алекс Гух.

За Гајсенбергер ова е трето олимписко злато, второ во поединечна конкуренција, а има и сребро од ЗОИ во Вакнувер во 2010 година. Гајсенбергер во Сочи освои две злата, едно во поединечна и едно во тимска конкуренција, а оваа санкачка има седум злата од светските првенства и пет од европските шампионати.

Со ова злато, Гајсенбергер потврди дека во моментов и нема рамен во овој спорт и дека е најдоминантна во женското санкање.