Франција го избрка Февр од скијачкиот тим - немал тимски дух!

Францускиот скијач Матју Февр мораше да го напушти олимпиското село во Пјонгчанг, по одлука на селекторот на скијачкиот тим.

Скијачот е избркан од Зимските олимписки игри, поради коментарите кои ги дал по трката во велеслалом во неделата во Пјонгчанг. Тој заврши на седмото место, но повеќе се грижел за својот (не)успех, откаколку за неговите колеги.

Неговиот сонародник Алексис Пинтуро го освои бронзениот медал, додека Томас Фанара и Виктор Муфат-Жандет завршија како петти и шести во конечниот редослед.

Скијачот се огласи на „Фејсбук“ за дадените коментари по трката.

„Реков дека настапот на француската репрезентација ми е најмал проблем, кога одговара на прашање, што мислам за настапот на нашата репрезентација во целост. Кога бев запрашан што чувствувам само 10 минути откако ја минав целта, само мојот резултат и мојот неуспех ми беа во глава. Сите луѓе не реагираат исто при неуспех и јас морам да признаам, бидејќи доаѓам од југот на Франција мојата крв често зоврива, па зборовите некако ги преземаа моите мисли. Не сакав да покажам непочитување кон никого и сум многу горд што ја презентирав мојата земја на Олимписките игри и им благодарам на луѓето кои ми го овозможија тоа“, напиша Февр.

Февр е во љубовна врска со американската скијачка Микаела Шифрин.