„Пелистерка“ го обелодени својот календар за 2018 година, со 12 македонски спортистки. Секоја во различен спорт и дисциплина и секоја силна, но и женствена истовремено. Сите 12 месеци зрачат со сексапил, а секој ќе си го одбере својот фаворит. Идејата е да се покаже дека жените можат да бидат убави, но паралелно и силни, упорни и дисциплинирани, а мотото на кампањата е „Вода за најдобри“. Спорт1 уште вчера објави ексклузивни фотографии и видеа од „бекстејџот“, за време на подготвувањето на календарот.

На календарот се Берна Шерифовска (џудо), Дрита Ислами (атлетика), Едина Муса (кошарка), Елена Чуркоска (кајак), Ивана Јанкова (одбојка), Катерина Николовска (велосипедизам), Леана Таќи (тријатлон), Марија Божиновска (боди-билдинг), Милјана Ристиќ (маратон), Наташа Андонова (фудбал), Нина Ѓорѓевиќ (карате), Стефани Тодорова (кикбокс).