Домаќинките беа немоќни, Шведска освои злато во карлинг!

Женската карлинг репрезентација на Шведска освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако во финалето беа подобри од Јужна Кореја со 8-3.

Корејките имаа подобар старт и по првата рунда имаа минимална предност, но потоа следуваше доминација на Швеѓанките, кои врзаа четири поени по ред и стигнаа до предност до 4-1.

Во наредното фрлање домашните натпреварувачки намалија на 4-2 и внесоа мала неизвеност во мечот, но потоа следуваше повторно брилијантна игра на Шведска и заслужена победа во финалето.