Дејан Георгиевски со сребро ја отвори новата сезона
Георгиевски до среброто на турнирот во Тирана Г1 Опен стигна со две победи откако ги победи Насо од Италија и Плонис од Белорусија. Подобар од македонскиот таеквондист во финалето беше Гркот Сотирос.
Во финалето Георгиевски се борел и со мала повреда за која е најавено дека брзо ќе биде санирана и нема да му прави проблеми во продолжение од сезоната.