Чудо во Пјонгчанг: Олимпискиот турнир во хокеј почна со две огромни изненадувања!

Турнир во хокеј на мраз во машка конкуренција на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг почнаа со две огромни изненадувања, односно со порази на двете најголеми велесили – САД и Русија.

Американците загубија во пресметката со Словенија со 2-3 и тоа откако средбата ја почнаа со убедливо водство од 2-0. Трпеливите Словенци полека, но сигурно ја намалуваа негативата, а победоносниот гол го постигнаа во дополнителниот период.

Уште поголемо изненадување беше триумфот на Словачка против Русија исто така со 3-2. Епилогот на средбата беше речиси идентичен со оглед на водството на „зборнаја“ со два гола разлика по само осум минути игра. Но, следуваа два гола на Словаците до крајот на првата третина, а победоносниот погодок беше постигнат во 49. минута од средбата.

Мора да се напомене дека на олимпискиот турнир во Пјонгчанг не настапуваат хокеарите од најсилната лигата на светот (НХЛ), за разлика од пред четири години во Сочи кога тие имаа три неделна пауза за да им се приклучат на своите репрезентации на игрите во овој руски град.