Чудно, но вистинито: „Стриптизетите“ ќе можат да се борат за олимписки медал! (ФОТО)

По 11 години борба, танцувањето на шипка стана спорт! Не сме ни сигурни како треба да се преведе pole dancing како официјален спорт, но танцување на шипка веднаш потсеќа на стриптизети

Очигледно, не е така, туку ова е цел еден спорт, за кој најмногу се залагала 41-годишната Кејти Коатес. Цели 11 години водела борба со Глобалната асоцијација на меѓународни спортски федарации (ГАИСФ) и конечно ја регистрира Меѓународната федерација на спортови на шипка (International pole sports federation, IPSF) како рамноправно тело, на еден официјален спорт.

Почнала во 2006 година, кога сакала да добие олимписки статус и разбудила интерес, бргу собирајќи 10.000 потписи. Сега, откако ги прогласија за спорт, следниот чекор е токму тоа, добивање олимписки статус.

„Танцувањето на шипка не е како што сите замислуваат, мора внимателно да го гледате за да го разберете. Веќе почнавме да се натпреваруваме, но на почетокот тоа беше аматерски, со пријатели на пријатели кои оценуваа. Мојата цел е да стане попрофесионално. Мислам дека го остваривме невозможното, сите ни велеа дека нема да успееме да се регистрираме како спорт“, вели Коатес.

Во 2009 година таа ја основала федерацијата, а самата била претседател, а првото Светско првенство го одржала во 2012 година, симболично, со цел да биде во иста година со Олимписките игри во Лондон.

Потоа биле „нападнати“ со анти-допинг тестови, а минатата година првпат тие ги правела ВАДА (Светската анти-допинг асоцијација).

„Ниту една натпреварувачка не падна на тестовите“, гордо вели Коатес. „Знаете, за да бидете официјален спорт, потребно ви е да имате федерација во, најмалку, 40 земји на, барем, четири континенти и сите мора да бидат признати од највисокото спортско тело во нивната земја. Проблемот е што многу земји не сакаат да признаат федерација, ако не е официјален спортот и доаѓаме до ситуација ‘јајцето и кокошката’. Немало нов спорт цели 30 години“, објаснува Кејти.

Олеснувањето стигнало кога ГАИСФ се согласила да го смени процесот на признавање на официјалните спортови, воведуваќи го „Опсервер статусот“, кој дава привремен статус спорт во рок од две години.

„Ни дадоа сертификат кој вели дека сме официјален спорт и сега нашите федерации можат да го земат тој сертификат и да речат погледнете, сега сме спорт. Имаме 15 федерации, нема да биде проблем да стигнеме до 40 за овие две пробни години“, вели Кејти.

Нејзиниот сон е овој новопечен спорт да се најде меѓу петте олимписки круга.

„Традиционалните спортови губат популарност, а новите стануваат попопуларни меѓу младите. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) работи во осумгодишни циклуси, така што нема да бидеме присутни на следните ОИ во 2020, но кој знае, погледенте ги скејтерите, тивко си влезе на Игрите во Токио“, заврши Коатес.