Четворица легендарни спортисти собраа 20 милиони долари за борба против Ковид-19

Том Брејди, Пејтон Менинг, Тајгер Вудс и Фил Микелсон вчера одиграа хуманитарен голф турнир со цел да се соберат пари за борба против коронавирусот. 

Ѕвездите од НФЛ (Брејди и Менинг) играа во парови со легендарните голф играчи (Вудс и Микелсон). Вудс и Менинг на крајот ги победија Брејди и Микелсон, но на крајот хуманитарната цел беше најважна.

Тие собраа неверојатни 20 милиони долари, кои ќе одат во добротворни цели, односно ќе им се помогне на медицинските работници и на социјално загрозените семејства, како и многу други хуманитарни организации кои се борат против коронавирусот.