Британија ја обвини Русија дека со хакери сакаат да ги саботираат ЛОИ во Токио

Политичката затегнатост на Велика Британија и Русија, која започна после труењето на двојниот шпион Сергеј Скрипал, сега ги поткачи и Летните Олимписки игри во Токио, презакажани за идното лето, откако Британците открија дека Русите со хакери планирале сајбер-напади.

Британија јавно ја обвини Русија дека военото разузнавање (ГРУ) се обидува(ла) со злобни сајбер напади да направи проблеми при одржување на Летните игри, како и на Параолимписките игри, како одговор на суспензијата и казната за Русија од страна на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), која ѝ забрани на една од најмоќните држави да учествува на најголемиот спортски настан поради систематско допингување на своите спортисти.

Русија и Западот се во најлоши односи уште од „студената војна“ на сите полиња, па и во спортот, па настрана труењето на Скрипал, проблемите со труењето на опозиционерот Навали во последниов период за што западот се крена против Русија, посебно во фокусот на таа битка беше „систематскиот допинг“, за кој Владимир Путин и руските државници посочуваа дека има политичка позадина.

Сега Британија ја објави Русија дека единицата „74455“ на военото разузнавање на ГРУ веќе имала акции за „сајбер извидување“против организаторот на игрите, логистичките доставувачи, спонзорите, но не открија детали, потенцирајќи дека оваа извидница е само најава дека идното лето Русите со сајбер-саботажа ќе се обидат да „удрат“ на ЛОИ. Наводно Русите прават подлога со лажни веб-сајтови, со фајлови и мрежни „ботови“ да направат структура, кои би биле „клучните актери“ во обидите за хакирање.

„Постапките на ГРУ против ЛОИ и Параолимписките игри се цинични и безобѕирни. Може само најостро да ги осудиме“, рекол министерот за надворешни работи на Британија, Доминик Раб.

Според Британците, на Зимските игри во 2018 година во Пјонгчанг имало хакерски напади, делувале како да се од Северна Кореја и од Кина, но стручњаци за сајбер-безбедност тврдат и се убедени дека се дело на Русија, а и Јужна Кореја и нејзините истраги покажале дека Русија стои зад нив, а Британците сега го обелоденуваат. Откако Русија беше суспендирана, имало стотици обиди за хакирање на главните меѓународни спортски организации.

Москва ги демантраше ваквите наводи, но без подетален коментар.