Боксот ќе биде исклучен од олимписките спортови во Токио?

По повеќе од еден век како олимписки спорт, боксот можно е да биде исклучен од олимписката програма за Летните Олимписки игри во Токио за две години, најави претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах.

ИОК е незадоволен од начинот како функционира светскиот бокс, особено околу финансискиот дел и раководењето со светската боксерска организација. Бах во пресрет на Зимските Олимписки игри, кои за четири дена ќе бидат отворени во јужнокорејски Пјонгчанг, истакна дека е разочаран како се раководи со еден од најстарите олимписки спортови.

„ИОК го има целосно правото да направи ревизија за вклучувањето на боксот во програмата за младинските Олимписки игри (ЕЈОФ) во 2018 како и за Летните Олимписки игри во Токио во 2020 година“, истакнал Бах.

Првиот човек на олимпиското движење дека наскоро ќе биде замрзнат секој контакт со светската боксерска федерација (АИБА) вклучувајќи ги и тие кои работат на неопходната мплементација на одлуките на ИОК“.

Од друга страна, АИБА оваа најава ја оцени како „неверојатно разочарувачка“, откако бил доставен извештајот за напредокот на спортот кој го барал ИОК.