Бејзбол-легендата Давид Ортиз застрелан во грб во Доминиканска Република

Поранешниот играч на Бостон ред сокс, Давид Ортиз во неделата бил застрелан во грбот додека бил во бар во Доминиканската Република. 

Легендата на американскиот бејзбол веднаш бил опериран и според информациите се наоѓа во стабилна состојба. Неколку лица биле веднаш уапсени под сомнение дека го извршиле нападот, но засега нема официјална информација, кој го застрелал. Наводите се дека тоа било обид за грабеж, но не се исклучува и опцијата Ортиз да бил нападнат и од други причини.

Ортиз со Ред Сокс освои три шампионски титули и се пензионираше во 2016 година. Има 10 настапи на Олстар натпреварите и два пати беше прогласуван за МВП на финалните серии во 2004 и 2013 година.