Баба од 93 години е светско чудо во гимнастика (ВИДЕО)

Баба од 93 години е најстарата гимнастичарка на светот, која и денеска нема мака да покаже што знае, а првпат се појави на спортската сцена пред Втората Светска војна. И човек да остане без зборови, кога ќе види како жената прави потези како да е девојче кое штотуку влегло во светот на гимнастиката.

Јохана е Германка, која веќе е дел од гинисовата книга на рекорди, а после завршувањето на кариерата работела како тренер и низ нејзини раце поминале еден куп гимнастичар(к)и.