Аргентинците во навивачки стил влегоа на Олимпискиот стадион во Токио (ВИДЕО)

Олимпискиот тим на Аргентина попладнево на Олимпискиот стадион во Токио на отворањето на Летните Олимписки игри, направија спектакл кога зачекорија на дефилето на националните олимписки тимови.

Секогаш темпераментните Аргентинци ја покажаа сета радост од настапот на најголемиот спортски настан, па познати како многу страстни кон спортот, буквално навивачки влегоа на стадионот, како навивачите на фудбалските мечеви, кога во бранови со скокање одат кон трибините.

Ако ништо друго, Аргентинците го имаа највозбудливото зачекорување на стадионот во Токио на ова отворање на пандемиските Игри.

Вака влегуваат навивачите на стадион во Аргентина...

..., а вака олимпискиот тим на „гаучосите“.