Американска олимпијка ги шокира сите со неверојатен детал од својот сексуален живот!

Лоло Џонс е американска атлетичарка која за само десет стотинки остана без медал на трката на 100 метри со пречки на Олимписките игри во Лондон (2012 година) и која плени со својот изглед, што е и една од причините за шокираноста во јавноста од детал од нејзиниот сексуален живот.

Таа учествувајќи во реалното шоу „Големиот брат“ признала дека иако веќе има 37 години, сепак, сѐ уште е – невина. Врвната атлетичарка, која потоа се проба и во трките со боб, признала дека има проблем да остане во врска со некого со оглед на нејзиниот став кон сексот.

„Не знам зошто Господ сѐ уште ме нема благсловено со брак. Сум имала многу врски, но машките секогаш почнуваат нешто со мене со надеж дека ќе го сменат моето уверување. И, кога ќе видат дека не можат се повлекуваат и заминуваат“, вели преубавата Џонс.

Таа истовремено потенцирала дека е убедела дека првиот сексуален однос што ќе го има со својот сопруг ќе биде нешто прекрасно.