Алкалоид со три победи стартуваше на Европскиот клупски Куп!

Шаховскиот клуб Алкалоид и годинава настапува на Европскиот клупски Куп, што се одржува од 11 до 18 октомври во Порто Карас, Грција, а нивниот старт на турнирот беше одличен.

Во првото коло од Европскиот клупски Куп, Алкалоид беше убедлив (6-0) против екипата од Холандија, МуКонсалт Апелдорн, а таму не застанаа со триумфите.

Одличен настап имаа и во второто коло, каде што беа подобри од израелската екипа Реховт Чез Скул со 5,5-0,5, а во третото коло беа подобри од Вердер Бремен со 5-1 и така по три одиграни кола сега се максимални со три победи.

Во утрешното коло, ШК Алкалоид игра против Медни Всадник од Русија.