Жарко Ристоски најде нов ангажман, ќе биде тренер во Либан

Некогашниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација најде клупски ангажман во Либан.

Жарко Ристовски ќе ја предводи екипата на Танурин, во сезонава која претстои. 

„Среќен сум да го објавам мојот нов ангажман и мојот нов предизвик во 2017/18, екипата на Танурин. Либан доаѓаме“, се пофали Ристоски.

Тој ја заврши соработката со македонската репрезентација по завршувањето на Европската лига во 2016 година, а потоа го предводеше тимот на Шоненверд со кој ја освои бронзата во швајцарското првенство. Претходно ги освојувал титулите во Кипар со екипата на Неа Саламина.