Втор пораз со освоен сет на македонските одбојкари против Србија

Македонската одбојкарска репрезентација вторпат загуби во контролните мечеви со европската велесила Србија, и денеска со еден освоен сет, 1-3 (17-25, 26-28, 25-23, 23-25), но за разлика од вчера, овојпат од Б-тимот на северниот сосед.

За разлика од вчерашната пресметка со најсилната селекција на Србија, која беше од затворен тип, овојпат македонските одбојкари со „вториот тим“ на Србија одиграа далеку понеизвесен меч во кој само во првиот сет домаќините стигнаа до поубледлива разлика, а во преостанатите три – „една топка решаваше сѐ“.

Откако го загубивме првиот сет со 17 освоени поени, во вториот македонските одбојкари држеа егал, но во завршницата загубија со 26-28, но потоа успеавме да се вратиме во мечот за да освоиме еден сет, кога со смеч на Никола Ѓорѓиев го завери сето тоа. Во четвртиот повторно егал, со предност за Македонија, а завршницата за Србите кои врза два поени за да стигнат до победата.

За Македонија овие две пресметки беа одлична проверка пред стартот на првиот турнир во Сребрената-лига, во која црвено-жолтите се домаќини во Струмица од 21 до 23 мај.