Вардар остана без финале во Купот на Македонија!

Одбојкарите на Вардар денеска беа совладани од екпата на Универзитет во Тетово во полуфиналето од Купот на Македонија, па така останаа без шанса да освојат трофеј сезонава.

Вардарци дефинитивно немаат среќа против ривалот од Тетово, откако денеска загубија со 1-3 (21-25, 25-16, 20-25, 20-25), па тоа доаѓа само една недела откако беа поразени и на домашен терен со 2-3 (22-25, 21-25, 25-17, 25-23 и 12-15).

Екипата од Тетово во финалето ќе игра против победникот од мечот меѓу Џио Струмица и Шутова. Во нивниот прв натпревар славеше Струмица на домашен терен со 3-1 (25-21, 25-21, 26-28, 25-13).