Турци ѝ нуделе богатство на српска одбојкарка, ама патриотизмот ги победил парите

Србија стана светски првак во женска одбојка, откако србинките пред два дена се крунисаа за светски владетелки по победата во суперинтересното финале по пет сета со Италија, а меѓу најзаслужните за неверојатниот успех беше Тијана Бошковиќ, која ја доби наградата за најкорисна одбојкарка на Мундијалот (МВП).

Бошковиќ обелодени дека пред седум години добила неверојатан понуда од Турција за да заигра за оваа земја, но таа не сакала ни да чуе да ја напушти Србија, иако на маса имала понуда – вистинско богатство. Како што вели Турците не прашувале за цена.

„Во 2011 година со семејството бевме во Истанбул. Ни нудеа пасоши за мене и за мојата сестра, договор со Галатасарај... Не прашуваа за цена, но за да нема забуни, јас не сакав да чујам за такво нешто. Сето тоа што се ндеше, беше како од бајка, ама јас не ни помислив да прифатам. Едноставно мојот татко немаше да го поднесе тоа. Само Србија доаѓаше в предвид“, вели Бошковиќ