Почина одбојкарската легенда Владимир Ѓорчески - Ципа, таткото на Лина!

Македонската одбојка е во тага, на 66-годишна возраст почина легендата на овој спорт, Владимир Ѓорчески - Ципа, кој беше и татко на нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа.

Владимир Ѓорчески - Ципа почина во неговиот роден град, Тетово. Тој кариерата ја почна во Југохром од каде по две години се пресели во Работнички и таму остана пет сезони, исто толку настапуваше и за Вардар, а потоа почна да гради интернационална кариера.

Ципа играше во Барселона и грчки Арис. Во финишот од кариерата се врати во Македонија и повторно играше за Вардар и Југохром. 

За репрезентацијата на Југославија има одиграно 48 натпревари. По осамостојувањето на Македонија беше прв капитен на машкиот сениорски национален тим, за кој играше пет години. 

Ѓорчески попладнево е погребан во Тетово.