Одбојкарите загубија во три сета на првиот тест пред ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби првиот тест, пред Европското првенство, од Романија со 0-3 во сетови, односно 17-25, 20-25 и 22-25. Се одигра и четврти сет по договор на селекторите, а и тој го загубија нашите одбојкари со 17-25.

Веднаш се почуствува во играта на македонската репрезентација дека долго време немала натпревари, откако беше во едномесечна изолација во Маврово.

Македонија ќе има и втор тест против Романија, кој ќе се одигра утре, а се очекува подобар настап на „спартанците“.