Одбојкарите во транс: Ечи „Бисер Балкански“ во автобусот на Македонија!

Малку им треба на македонските спортисти за да се израдуваат. Најдобар доказ се одбојкарите кои ја забележаа првата, историска победа на првото учество на ЕП во Словенија. По триумфот над Белорусија со 3-1, и тоа со пресврт, одиграа оро во салатаб „Стожице“, но продожија и да се веселат во автобусот со кој патуваа до својот хотел. Ечеше нивната неофицијална химна, песната „Бисер Балкански“...