Македонската одбојкарска репрезентација го освоија четвртото место на фајнлфорот во Скопје, откако попладнево загибија со 1-3 во сетови во „малото финале“ со Летонија.

Откако сонот отстана неостварен за да се борат за златото во Сребрената лига по поразот со 2-3 во серови вчеравечер со Хрватска, во меч во кои Макеоднија имаше беше на сет до пласман во финалето, одбојкарите денеска одиграа без енергија во првите два сета, па Летонците ги искористија сите наши грешки за да стигнат до водство од 2-0 во сетови, откако во првиот триумфираа со 25-20, а во вториот со преубедливи 25-16.

Македонија успеа да се врати во мечот и тоа откако селекторот Љубомир Травица ги стави во игра Васе Михаилов и Михаил Урдов, па Македонија го освои третиот сет со 25-23 и потоа во четвртиот, нашите одбојкати имаа дури три сет топки за да се изборат за петти сет, кои не ги искористија при резултат 22-24, па на крај Летонија со два поени по ред стигна до 28-26 и победа на мечот за да ја освои бронзата во оваа сезона во Сребрената лига.

Македонија годинава двапати загуби од Летонија во групата, а еве сега доживеа и трет пораз од истата селекција во оваа сезона во сребрената лига.

За еден час Белорусија и Хрватска ќе играт во финалето на годинешната сребрена лига.