Одбојкарите ќе играат во Љубљана: Македонија во група со европскиот првак!

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби своите противници на првиот настап на Европското првенство и она што е најинтересно е дека ќе игра блиску до дома во Љубљана, Словенија.

Нашиот национален тим ќе игра во Групата Ц во која покрај еден од домаќините на турнирот Словенија се најде и европскиот првак Русија, потоа Финска, Турција и Белорусија. Можеби од вториот и од третиот „шешир“ ги избегнавме поопасните опции, но затоа од најслабиот го добивме најнезгодниот противник - Белорусија.

Европското првенство ќе стартува на 13 септември и ќе трае до 29 септември оваа година. За прв пат во историјата ќе се игра со 24 тимови, бидејќи минатите години настапуваа само 16 репрезентации.

ГРУПА А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија

ГРУПА Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија.

ГРУПА Ц: Словенија, Русија, Финска, Турција, Македонија, Белорусија

ГРУПА Д: Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора