Најдобрата одбојкарка на светот одби „тешки“ милиони и пасош за да игра за Турција!

Тијана Бошковиќ ја предводеше Србија до титулата светски шампион, а за каков калибар станува збор доволно говори и фактот дека пред седум години Турците имале неуспешен обид да ја „украдата“ денеска најдобрата одбојкарка на светот.

Турците во 2011 година ѝ нуделе огромно богатство за да го облече репрезентативниот дрес. Меѓутоа, без оглед на богатството кое ѝ го сервираа, Србинката немаше дилеми - ги одби без размислување.

„Во 2011 година, јас и моето семејство бевме во Истанбул. Ни нудеа пасоши за мене и за мојата сестра и договор со Галатасарај. Не прашуваа за цена. Но, да нема забуни, немаше шанси да прифатам. Иако сѐ што нудеа звучеше како бајка, не ни помислував на тоа, татко ми не би го поднел тоа. Само Србија доаѓаше во предвид“ изјави Тијана во едно интервју.

Србинката се откажа од големо богатство, но затоа со голем успех ги брани боите на Србија, па сега е светска шампионка и најдобра одбојкарка на светот.