Матијашевиќ: Сега сите видоа дека оваа Македонија заслужува добар третман!

Селекторот Никола Матијашевиќ, понизно и со сите честитки за играчите прокоментира за херојската победа над Белорусија. Рече дека тие се заслужни, а гледаше цела Македонија, дури и оние кои не веруваа во неа.

Матијашевиќ рече дека ова е победа за сите кои работеа на овој настап на Македонија на ЕП и се разбира, за публиката која од дома ја следеше историската победа над Белорусија (3-1). Иако не кажа имиња, не пропушти да возврати за критиките, кои пред два дена јавно дојдоа од Јошко Миленковски, од студиото на МРТ.

„Во прв редзадоволен сум за овие луѓе кои ја водат федерацијата, кои создадоа услови да се квалификуваме и да дојдеме овде на ЕП. Во прв ред им честитам на играчите, кои беа одлични, кои исплнуваа сè што се договоривме. Им работеше срцето, покажаа дека имаат душа, затоа сакам да им честитам. Се надевам дека оваа победа нема да биде последна. Зборувам на Европските првенства воопшто, а зошто не и утре? Иmаше сомнежи за нашиот квалитет, така што драго ми е дека тие луге кои ни сакаат или не ни сакаат добро, сепак видоа дека оваа репрезентација вреди и заслужува добар третман во Макеодонија. Цела публика, сите што гледаа се сведоци“, рече Матијашевиќ.

По овој голем успех, следи натпревар со Словенија, утре од 17.30, со кој Македонија може да се надева на пласман најмалку на четвртото место во групата, што ќе значи и место во осминафиналето. Но, ќе биде тешко.

„Во ситуација сме да играме против репрезентација со силата на Русија, мислам дека Словенија има сили и да ја нападне Русија. Тие можно е да играат со некоја втора постава, тоа е наша шанса да ги изенадиме можеби. Би било претенциозно да најавуваме некоја победа, но зошто да не одиме на победа. Ќе одине да освоиме еден сет, а ако еден зошто не и два, ако се дваз, ошто не и три“, додаде Матијашевиќ.