Македонија со пораз од Египет ги почна Медитеранските игри

Македонија со пораз ги отвори Медитеранските игри во Тарагона, откако подобри од нашите репрезентативци беа Египќаните со 3-1 во сетови.

Жестока битка беше видена од самиот почеток на мечот помеѓу двете селекции, а Египет минимално со 26-24 го доби првиот сет.

Големата борба помеѓу репрезентациите продолжи и во вториот сет, каде што нашите одбојкари беа подобри со 26-24. Но, Египќаните веднаш вратија во следниот сет и со 25-23 поведоа со 2-1 во сетови.

Македонските одбојкари тука не се откажаа и во наредниот сет, со одлична игра, им вратија на ист начин на своите противници, па со 25-23 израмнија на 2-2.

Но, нашите одбојкари не успеаа да стигнат до победа бидејќи во последниот сет беа подобри Египќаните со 15-11.

Следниот натпревар, нашите репрезентативци го играат утре од 19 часот со Шпанија.

Претходно, Медитеранските игри ги почна Петар Јаневски, кој се натпреварува во стреличарство, па во квалификациите стигна до 37. позиција од 40 натпреварувачи со освоени 514 поени, па во првото коло утре ќе се соочи со натпреварувачот од Грција, Христос Ериксон.