Македонија со две победи се врати дома, а Грција со една ќе игра – осминафинале!? (ФОТО)

Македонската одбојкарска репрезентација не успеа да обезбеди осминафинале и завршница во Франција на Европското првенство и покрај две бравурозни победи против Белорусија и Словенија (двете со 3-1 во сетови), зашто Турција нè ни помогна и вчеравечер загуби од Финска за да нè пратат дома.

Но, тоа што е безмалку чудно е што Македонија со две победи во група со шест селекции извиси за осминафинале, па се врати дома, ама нашиот јужен сосед Грција ќе игра во „топ 16“ и тоа иако има – победа помалку од нас. Грците со само една победа си заверија настап на завршницата во Франција, зашто за разлика од нас, им се поклопија коцките.

Јужните соседи имаат идентични 1-4 во победи со Португалија и Романија. Имаат ист број на освоени сетови (по пет), па решавал поен-количникот, а таму за едно поенче Грците се пред Португалија. Грците имаат 386-432 (0,894), а Португалците – 386-433 (0,891). Најслаба во групата А е Романија со 372-439 (0,847).

Македонија во групата Ц ги победи Белорусија и Словенија, но заврши петопласирана и извиси за осминафиналето, откако Финска ја победи Труција со 3-2 во сетови, во меч со кој ваквиот исход им одговараше на двете селекции.