Македонија почнува против Финска, а завршува против Словенија на ЕП

Македонските одбојкари го добија распоредот на натпревари за својот дебитантски настап на Европското првенство, а со своите противници ќе игра во Љубљана, Словенија.

Македонија го отвора шампионатот на 12 септември против Финска, а еден ден подоцна ќе се пресмета со Турција, додека на 14 септември следува уште потежок противник, односно Русија.

Потоа следува еден ден пауза, па Македонија ќе се натпреварува со Белорусија, а последниот меч во групната фаза го има со меч против Словенија.

Шампионатот се игра од 12 до 29 септември, а Македонија ќе се обиде да се избори за една од четири најдобри позици во групата, со што би обезбедила пласман во следната фаза.