Македонија е хит во Европа: Историјата што ја напишаа одбојкарите ја одбележа и ЦЕВ (ФОТО)

Македонската одбојкарска репрезентација ја испиша најубавата страница откако синоќа успеа да обезбеди пласман на европското првенство во септември годинава на континенталниот собир во Франција, Белгија, Холандија и Словенија. Македонија како една од петте најдобро второпласирани селекции обезбеди виза за „ЕуроВолеј2019“.

И историскиот успех на македонската одбојкарска репрезентација нормално не остана незабележана во одбојкарскиот свет, па така Европската федерација (ЦЕВ), нашиот пласман и историски прв настап на ЕП го стави на ударно место, како едно од најпријатните изненадувања заедно со успеот на Црна Гора, која исто така првпат ќе биде дел од континенталниот шампионат

„Македонија предводена од Никола Ѓорѓиев и компанија ја победија Унгарија со 3-0 во Скопје и на земјата и обезбедија историско прво учество на Европско првенство“, пишува ЦЕВ.

Европското првенство ќе се игра од 12 до 27 септември, а Македонија на ждрепката ќе влезе од најслабиот барабан. На ЕП ќе има четири групи по шест селекции, а првите четири ќе обезбедат пласман во осминафиналето.