Летонија двапати нѐ победи, а сега Белорусите ја суредија за финале!

Одбојкарите на Белорусија се првите финалисти во Европската сребрена лига. На фајналфор-турнирот, кој се игра во СРЦ „Кале“, Белорусите убедливо ја надиграа Летонија.

Првото полуфинале помина далеку под неизвесноста која се очекуваше меѓу првопласираните екипи во А и Б групата. Белорусија почна моќно, така и заврши, совладувајќи ја Летонија во три сета. Првиот го доби со 25-18, во вториот загуби 22 поена, а во третиот беше најубедлива, со 25-15.

Сигурно е дека таа ќе игра финале, утре во 19 часот, а дали Македонија ќе ѝ биде противник ќе дознаеме денеска по 20 часот.