Косовците се порадуваа на сет, па македонските одбојкари им одржаа лекција!

Македонската одбојкарска репрезентација победнички го почна настапот во групната фаза од Сребрената Европска лига, откако денеска во Косово, црвено-жолтите славеа со 3-1 во сетови.

Иако Косовците поведоа по првиот сет, добивајќи го со 25-20, најмногу и поради 12-те грешки и лошиот прием, македонските одбојкари потоа комплетно доминираа, ја имаа контролата во мечот и со три сета по ред стигнаа до победата.

Во вториот сет, Македонија доминираше, стигна до убедливи 25-16, а во третиот на противникот му препушти само поен повеќе, 25-17. За да го заврши убедливо настапот во четвртиот, со кој стигна до победата, на Косовците им допуштија само 14 поени за 25-14 и конечни 3-1 во сетови.

Во второто коло од групата, Македонија в среда ќе игра против Летонија на гости. Летонците, како и нашите одбојкари победнички го почнаа настапот во групата победувајќи со 3-1 на гостувањето во Австрија.

Прв домашен дуел за Македнија е дуелот со Австрија идниот викенд.