И покрај водството од 2-0 во сетови: „Спартанците“ претрпеа нов пораз од Романија

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на контролните средби кои ги игра пред почетокот на Европското првенство. Овој пат подобри од нашите „Спартанци“ беше селкцијата на Романија со 2-3 (25-23, 25-20, 18-25, 10-25, 12-15), меч кој се одигра во Крајова.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ одлично го отворија мечот и поведоа со 2-0 во сетови, но потоа нашата репрезентација му дозволи на противникот прво убедливо да го освои третиот сет, со кој намали, а потоа и да направи целосен пресврт.

Репрезентацијата утре се враќа во Скопје, каде ќе продолжи со подготовките, а потоа следи и пријателски дуели со Шведска.