Ѓорѓиев: Пласманот на ЕП не се мери со ништо! Ова е најсреќниот ден за нас!

Македонската одбојкарска репрезентација испиша историја, откако денеска ја совлада Унгарија со 3-0 (25-21, 25-20, 25-21) во сетови и се пласираше на Европското првенство (ЕП).

Задоволството кај навивачите и репрезентативците е огромно, а тоа го потврди и капитенот Никола Ѓорѓиев, кој вели дека им се остварил сонот.

„Имав убаво чувство и пред некој ден. Ова е најсреќниот ден во мојот живот по раѓањето на мојата ќерка. Пласманот на ЕП со Македонија не се мери со титули и слично. Ова е сон и круна на една генерација. Ова е најсреќниот ден за сите. Минатото лето беше многу тешко за нас и ми ја уби желбата за одбојка. Сепак, ова е најубаво чувство и горд сум на Македонија што нè поддржува и се надевам дека во сите спортови ќе играме на големи собири“, вели Ѓорѓиев