Германки нема да играат на турнир во Катар ако не смеат да носат бикини! (ФОТО)

Германските одбојкарки на песок Карла Боргер и Јулија Суде се подготвени да го бојкотираат турнирот во Катар. Тие најавија дека нема да заиграат ако не им биде дозволено да носат бикини зашто не сакаат да играат со повеќе облека на високи температури.

Поради строгите правила во облекувањето кај жените во Катар, одбојкарките би морале да носат маички и долги пантолони наместо бикини.

„Само сакаме да играме одбојка, но сме спречени да ја носиме нашата облека. Ова е единствена земја и таков турнир каде што Владата ни кажува дека не смееме да работиме. Тоа ни пречи...“, вели Боргер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Karla Borger (@karlaborger)