Финалниот Куп во одбојка ќе се игра в сабота во Пробиштип

Одбојкарскиот клуб Пробиштип ќе го организира финалниот Куп на Македонија, кој е закажан за викендов.

Maшкото финале е закажано за на 28 април, сабота, со почеток од 14 часот, а во него ќе се сретнат домашниот тим Весна Пробиштип и Струмица.

Женското финале е закажано за истиот ден од 17 часот, а во истото силите ќе ги одмерат Куманово и Универзитет Тетово.

И двата натпревари ќе бидат пренесува во живо на првиот национален сервис.