Бразилките со пресврт ги елиминираа Русинките од ЛОИ во Токио

Бразилските одбојкарки беа поуспешни од Рускиот олимписки комитет со 3-1 во сетови, односно 23-25, 25-21, 25-19 и 25-22, па така изборија полуфинале со Јужна Кореја.

Русинките го освоија првиот сет со 25-23, но потоа следеше пресвртот од страна на Бразилките кои ги добија следните три сета со 25-21, 25-19 и 25-22.

Најдобра во екипата на Бразил беше Габриела Брага Гимараеш со 19 поени, додека кај Русинките најефикасна беше Арина Федоровцева со 20 поени.